среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Додека власта и Филипче се фалат колку граѓани се вакцинирале, соседна Србија ги произведе првите дози од Спутник

Додека власта и Филипче се фалат колку граѓани се вакцинирале, соседна Србија ги произведе првите дози од Спутник

Од самиот почеток на пандемија Македонија многу лошо се справува со целата таа ситуација. Властите не беа способни да набават ниту една вакцина, а се што добија граѓаните беше по пат на донација. Поради сите овие лошо политики на властите Македонија се наоѓа на последните места на листите за справување со ковид кризата.

Според последните информации од Министерството за здравство до сега во Македонија се вакцинирани околу 160 илјади граѓани, а во просек на ден се вакцинираат околу 15.000 граѓани.

Додека власта и Филипче се фалат со тоа колку граѓани се вакцинирале во државата, соседна Србија започна со производство и ги произведе првите 2.000 вакцини од Спутник В.

Како што најавуваат надлежните во наредните десет дена во српскиот институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ треба да пристигнат резултатите од валидацијата на првата пробна серија од 2.000 шишиња „Спутник В“, кои се испратени на проверка во рускиот институт „Гамалеја“.

Доколку резултатите се такви како што очекуваат во „Торлак“ од крајот на мај или почетокот на јуни, може да започне редовна испорака на супстанцијата на секои две седмици и производство на „Спутник В“ во Националниот институт во Кумодраж.

Ненад Поповиќ, министер за иновации и технолошки развој се надева дека резултатите од контролата на пробната серија ќе бидат добри.

Најнови вести