сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дојави за бомби во 28 училишта во Скопје и Прилеп и судот во Охрид

Дојави за бомби во 28 училишта во Скопје и Прилеп и судот во Охрид

Повеќе училишта во Скопје и едно основно училиште во Прилеп утринава добиле дојаза за бомба.

Од МВР велат дека до 10.00 часот било пријавено дека на електронските адреси на 19 средни и осум основни училишта во Скопје, едно основно училиште во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Утринава дојава за бомба пристигнала и преку електронската адреса на Основниот суд Охрид.

-Денеска во 07.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на електронската адреса на Основен суд Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот и во тек се антитерористички проверки, велат од МВР.

Најнови вести