среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доктор Петличковски: Третата доза е само едно освежување на имунитетот

Доктор Петличковски: Третата доза е само едно освежување на имунитетот

Третата доза е поврзана со најмалку несакани ефекти споредено со првите две и е само едно освежување на имунитетот и давање на нови најмалку 6 месеци безбедност, изјави денес во Тема на денот на Сител директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски.

Тој појасни дека тие кои веќе примиле две вакцини не треба да стравуваат, стравот останува кај оние кои не примиле ниедна вакцина.

На поставено прашање дали граѓаните мешањето на вакцини треба да ги плаши, Петличковски одговори дека апсолутно не треба да се плашат.

-Во голем број студии во кои што се опфатени голем број на испитаници покажуваат дека различните вакцини кога се комбинираат дури и даваат подобар ефект отколку давање трета доза после две истоветни вакцини. Податоците се јасни дека мешањето на вакцини е безбедно и нема простор за страв, рече Петличковски.

Најнови вести