недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За родителите да не платат казна, лажно пријавиле дека детето им е вакцинирано – ќе одговара вработена во болница

За родителите да не платат казна, лажно пријавиле дека детето им е вакцинирано – ќе одговара вработена во болница

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ј.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавената, раководител на служба  во Јавна здравствена установа во Куманово, искористувајќи ја својата службена положба и овластување изготвила потврда на име на дете, каде во вакцинален статус навела дека детето има прележано варичела.

Од друга страна, лекарите немале податоци за здравствената состојба на детето, врз чија основа би можеле да издадат потврда, со цел да се избегне казна за родителот чие дете не било вакцинирано.