Денес претседателката на ДОМ и пратеник, Маја Морачанин, заедно со Директорот на агенцијата за туризам Љупчо Јаневски кој е и секретар во ДОМ и Заменик министерката Христина Оџаклиеска се обидоа со луѓе кои не се членови на ДОМ да направат насилен пуч во Општинската организација на ДОМ во Прилеп во обид да ја превземат општинската организација. Навреди и закани беа упатени кон членовите на општинската организација од страна на сопругот на Заменик министерката во обид за физички напад кон истите, велат во партиското соопштение на ДОМ – ОК Велес.
Мнозинството на членови на општинската организација на ДОМ Прилеп, предводена од претседателот Миле Настески и потпретедателката Николина Талимидџиоска го спречија “раководството” од Скопје на нелегитимен начин да направи нова општинска организација на ДОМ Прилеп со луѓе што не се членови, туку се роднини и пријатели на функционери од ДОМ во Скопје.
Ова не е прв ваков обид на раководството од Скопје кое изврши монополизација и скопјанизација на партијата игнорирајќи ги и занемарувајќи ги дваесетина општински организации ширум Македонија. Раководството на ДОМ кое остана поддржано само со 5-6 општински организации од ДОМ неодамна на нелегитимен начин ги разреши со малцински број од Централниот одбор и потпретседателите на партијата Ана Петровска и Мирослав Богдановски кои важат за ревносни борци против урбаната мафија и загадувачите. Но изгледа на раководството во Скопје не им одговара во партијата да ги има вистинските зелени борци па се труди на пучистички начин да ги замолчи и угуши целосно општинските организации, стои во соопштието.