недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДОМ со условена поддршка за Владата

ДОМ со условена поддршка за Владата

Централниот одбор на зелената партија на денешната седница донесе одлука ДОМ да ја поддржи предложената реконструкција на Владата, како што велат, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси.

-Услов за поддршката на Владата и на парламентарното мнозинство е во првите 100 дена да започне процесот на ветинг и да се спроведе конфискација на нелегално стекнатиот имот заради ефикасна борба против корупцијата, да продолжи собраниската процедура за измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи и 50 отсто жени на листите и да се интензивира користењето на обновливи извори на енергија преку формирање на енергетски задруги, за граѓаните да станат производители на електрична енергија, како и формирање Фонд за енергетска ефикасност, информираат од ДОМ.

Најнови вести