Сашо Донев, претседател на Советот на Општина Охрид на вечерашната трибина во Охрид посветена на културата и туризмот во организација на ВМРО – ДПМНЕ рече дека секогаш има проблем со јавните претпријатија во општините, но истите се решаваат и се реализираат и проектите.
„Ние како општина Охрид наследивме оргомни долгови на секое ниво, општина, јавни претпријатија. Но, сега правиме консолидација паралелно ги враќаме старите долгови, а паралелно има простор да работиме на проектите“, рече Донев.
Донев рече дека Советот во Градот беше пазар за поткусурување, советниците уценуваа градоначалници за свои интереси.
„Но, сега ние имаме еден Совет во кој никој никого не уценува. Имаме Совет кој одлично функционира, скоро сите одлуки се носат со мнозинство од повеќето советници и од другите партии. Тоа значи дека работиме исклучително транспарентно и ја добиваме поддршката. Сите се запознаени со детали од проектите и затоа истите се поддржуваат“, кажа Донев.
Донев информираше дека бил вклучен во изработка на проектот за фекална канализација и пречистителна станица во Трпејца. Тој додаде дека тоа е проект на сите не само на Охриѓани.
„Тоа е проект ветуван 30 години. Веќе е аплицирано во различни места. Се работи и на исто и во Долно и Горно Лакочереј. Во Охрид се потребни многу пари, потребни се многу инвестиции и се надевам ќе има влада која ќе биде заинтересирана за инвестиции во овој туристички центар“, рече Донев.