Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози и наместа влажни на планинските осојничави места.
Според ЈП „Македонија пат“, слаб дожд врне во Тетово, Гостивар, Стража, Маврово и Дебар, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, поради што се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.