среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дождот без престан го зголеми водостојот на реките

Дождот без престан го зголеми водостојот на реките

Интензивните врнежи што деновиве ја зафатија земјава ги зголемија водостоите на реките. Хидролошките мерења бележат неколкукратни покачувања, особено на Вардар, Треска, Пчиња и Црна.

Екстремно зголемување во однос на месечниот просек покажува Бабуна чиј водостој кај Богомила денеска е 34 сантиметри за разлика од вообичаените минус еден сантиметар во овој период од годината.

Според УХМР, и покрај дождовите, сепак има реки со ниво под просекот за август – Сатеска, Крива Река и Струмица.

Состојбата на езерата, Охридско, Преспанско и Дојранско, не е променета.

Најнови вести