четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дожд цела недела, еве какво ќе биде времето во следниве денови

Дожд цела недела, еве какво ќе биде времето во следниве денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во следните денови времето претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. (МИА)

Најнови вести