НАТО во реалноста стана страв и трепет за државите кои имаат нешто вредно во себе, но никој зад себе. За да се фатиме на оро со нив, ние веќе одамна играме како што тие ќе свират, но залудно – не не сакаат“ – тврди Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата на Република Македонија во говор на Правниот факултет, објаснувајќи дека е „подобро што не не сакаат затоа што љубовта на НАТО болела“.
Рашковски продолжува да објаснува дека НАТО биле дрска организација, која правела воени злосторства, фрлајќи бомби врз градинки и станбени згради во Југославија, додавајќи дека целта на НАТО не била Милошевиќ, туку некоја друга.
Откако НАТО почнале да ја чуваат границата на Македонија со Косово, драстично се зголемил бројот на „овчари кои преминувале преку граница“ и „прославите на свадби со пукање и кашикари“, алудирајќи на малициозната активност на НАТО кои го подгревале конфликтот во 2001-та.
Генералниот секретар вели дека НАТО ги збогатувало езерата со радиоактивни материјали, а им помагале на терористите во масакрите врз македонските безбедносни сили, а на крајот и ни направиле Рамковен договор кој ја погребал Македонија.