Вистински пекол доживеале судиите Никола Иванов, Петар Новачев и Роберт Црвенов од Велес кои биле делегирани да го судат мечот во втората македонска фудбалска лига против Воска и Гостивар, кој домаќините, охридскиот тим го изгубија со 0:1.
Имено, претставници од тимот на Воска на полувремето физички ги нападнале судиите, кои за чудо се решиле да истрчаат на теренот и и да продолжат да го судат и второто полувреме. Но 10 минути по стартот на полувремето Воска прими гол и поголем дел од играчите а пред се претставниците на клубот почнаа со пеколен притисок врз судиите. Се приговараше на секоја судиска одлука што резултираше со напнат меч во кој Николов само во вториот дел мораше да покаже 2 жолти картони за приговори на фудбалерите на Воска и еден црвен за неспортски фаул, пренесе ПРЕСС24.
Гостивар заслужено победи но за судиите почна вистинслиот пекол. Домашните предводени од висок политички функционер на една албанска политичка партика речи си половина час практично ги држеле судиите како заложници и не им даавле да си одат дома. Дека имало проблеми потврдува и официјалниот записник во кој главниот судија напишал забелешка дека ќе даде дополнителна изјава во ФФМ за организацијата на овој меч.
Со денешниот пораз Воска ја губи трката за директен пласман во првата лига со Силекс бидејќи кратовци сега имаат 4 бода предност и еден одигран меч помалку а дополнителен проблем за охридскиот тим е што и Вардар со евентуална победа утре ќе се доближи на само 1 бод и ќе почне да “диши во врат” за бараж за прва лига.