Измина цел месец откако трговскиот центар Глобал во Струмица беше опожарен. До сега не разбравме ниту за причините за пожарот, ниту видовме одговорност. Особено не од општинската власт која не може да одговори како наводната најголема инвестиција на Заев се најде во таква незавидна состојба, изјави денеска на одржаната прес конференција пред Домот на културата во Куклиш, Жан Дрвошанов, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.
– Ете денеска, се наоѓаме пред друг опожарен објект од редицата такви во Струмица. Домот на култура во Kуклиш и денеска, по изминати седум години, останува само рушевина. Да потсетиме дека зградата на домот со својата централна позиција има и општествено и стопанско значење, тука се одвива целокупниот живот на најголемото населено место-Куклиш. Очигледно е дека и во овој случај не функционира ниту општинската ниту државната власт на СДСМ, истакна тој.
– Како опозиција во Струмица нема да изостане нашата задача постојано да бараме одговорност и агилност од властите:
-до каде е одговорноста за опожарените објекти во Струмица?
-до каде се проектите за ревитализација на овие објекти и нивно повторно ставање во функција на граѓаните?
Би сакале да потсетиме дека во овој објект се одвиваше целокупниот културен живот на ова населено место но, воопшто не зачудува фактот за неговата запоставеност.
Гледаме дека СДСМ деновиве е презафатен со спорни и несоодветни кадровски решенија од областа на културата во Струмица, посочи Дрвошанов.
– Да потсетиме дека уште тогаш како градоначалник зоран заев најавуваше брзо изградување на овој значаен стопански и културен објект на куклиш и, виновна беше државната власт. Но, на лагата и се кратки нозете. Ете со четири маднати на локална власт и во втор мандат на национална власт на СДСМ објектот на домот на култура во куклиш останува рушевина , додаде тој.