И покрај тоа што Антикорупциска утврди судир на интереси кај Калина Гривчева Старделова, пред една година, таа се уште ги извршува двете функции, и претседател на Лекарската комора и директор на Клиниката за гастоентерохепатологија.
На неизвршувањето на Одлуката на Антикорупциска комисија не реагира ниту самата Комисија, ниту било која друга институција. Ваквото однесување на институциите е уште едно од објаснувањата за негативна селекција и зошто имаме ваква Комисија за заразни болести. Токму затоа граѓаните скапо ја плаќаат битката со КОВИД-19.
Доктор Гривчева како претседател на Лекарската комора практично сама си ја контролира работата како директор на Клиниката за гастроентерохепатологија. Или според правните норми, првиот човек на Комората ја контролира работата на првите луѓе на јавните здравствени институции.
Ако на 22 ноември 2019 година Антикорупциска комисија доставила известување до Гривчева за судир на интереси и дала рок од 15 дена Гривчева да се откаже од една од функциите тоа до денес не е сторено. Гривчева и по повеќе од една година е на двете функции.
Државата не реагира, па доктор Идриз Орана, подоносител на минатогодишната иницијатива до Антикорупциска, со уште еден допис до Kомисијата од 3 декември 2020 година бара да биде известен зошто Комисијата не постапува по својата Одлука од 2019 година. Медицинската фела со кратки коментари.
-Очигледно некому тоа му одговара, очигледно најавата за борба против корупција е една голема лага, реагираат медицинарите.
За оваа тема викендов пишуваше и дневниот весник „Коха“ во текстот насловен како „Кој ја брани директорката и претседателката Старделова“.
И покрај се надлежните молчат за овој случај.