Заев со државни пари плаќа партиски функционери и квази независни колумнисти. По излегувањето на списокот на тајни хонорарци видовме зошто Заев толку го криел. Наместо експерти и докажани личности во определена област Заев со државни пари го плаќа претседателот на СДММ. Додека врсниците на Марко Михаиловски одат во странство затоа што младинската невработеност откако е Заев се зголемила за 10.000 лица, тој земал пари како хонорарец од влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Михаиловски зборувал за младински политики од удобната фотеља на Илинденска. Со државни пари е платен и квази независниот колумнист – Петрит Сарачини, кој претпладне е владин службеник, а попладне е независен колумнист, активист и како ли уште не. Тој е се, само независен не. Вака Заев си ја купува медиумската и поддршката на социјалните мрежи, со парите на граѓаните, посочуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ вели дкеа Заев со државни пари ги плаќа и децата на неговите коалициони партнери. 40.000 денари месечно земал Дамир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски.
– Тоа е рецептот на Заев. Со државни пари се плаќаат и партиски функционери и квази независни колумнисти и коалициони партнери. Се е за пари. Овие и уште 56 други хонорарци ја чинат државата скоро 1 милион евра годишно, а во болниците немаме кислород, имаме недостаток на таблети, нема тестови, а вакцините никако да дојдат, додаваат од партијата.