петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДС: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија

ДС: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија

Од Демократскиот сојуз велат дека деновиве се случува засилен меѓународен притисок поврзан со уставните промени и внесувањето на Бугарите во Уставот како конститутивен народ, кој според партијата, е инициран и координиран од највисоките претставници на власта сметајќи дека на тој начин ќе обезбедат поддршка од граѓаните.

-Демократскиот сојуз смета дека колку се зголемува притисокот, двојно повеќе се зголемува отпорот кај граѓаните за уставни промени под диктат на Бугарија и без реципроцитет и избалансиран притисок врз Софија за признавање на основните права на Македонците во Бугарија на здружување и негување на културните, јазичните и другите особености.

Демократскиот сојуз ги повикува претседателот на државата, премиерот и министрите за надворешни работи и евроинтеграции директно, но и преку ЕУ и стратешкиот партнер САД, да бараат еднакви права за Македонците во Бугарија како и за Бугарите во Македонија, се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Најнови вести