среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДС, ЛДП и ДОМ: Ја охрабруваат Владата да ги продолжи разговорите со ЕУ со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси

ДС, ЛДП и ДОМ: Ја охрабруваат Владата да ги продолжи разговорите со ЕУ со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси

Прво најавија демонстративно напуштање на Владата ако францускиот предлог помине, но сега тактизираат.

ДС, ЛДП и ДОМ денеска преку предлог заклучок велат дека ја охрабруваат Владата на Република Северна Македонија да ги продолжи разговорите со Европската Унија со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси.

ДС, ЛДП и ДОМ предлагаат Собранието, во врска со Воведната изјава на ЕУ за отварање на пристапните преговори, Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ и Предлог-Преговарачката Рамка, Собранието на Република Северна Македонија да го усвои следниот:

ПРЕДЛОГ-ЗАКЛУЧОК

Собранието на Република Северна Македонија, поаѓајќи од стратешките и национални интереси за членство на државата во ЕУ, ја охрабрува Владата на Република Северна Македонија да ги продолжи разговорите со Европската Унија со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси, да се усвои Преговарачка рамка во која ќе бидат вградени европските принципи и стандарди, како и Копенхагенските критериуми согласно спецификите и постигнатите резултати на Република Северна Македонија.

Од предложената Преговарачка рамка од Советот на Европската унија и Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ, поконкретно да се изостави во целина точка 3 од заклучоците, од сите акти да се изостават билатералните прашања, посебно го нагласуваме Протоколот од втората седница на Меѓувладината комисија.
Собранието ја задолжува Владата сите други документи, годишни прегледи, патокази, акциски планови и протоколи, да бидат на реципрочна основа, односно да содржат права и обврски со кои се разрешуваат билатерални прашања со Република Бугарија.

Советот на Европската Унија во предлог-заклучоците во точка 4 да дефинира обврска за Република Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, поврзани со правата на Македонците во Бугарија.

По вградување на заклучоците донесени од Собранието на Република Македонија, Владата да ја прифати Преговарачката рамка, заклучоците и воведната изјава, за што претходно да го информира Собранието на Република Северна Македонија.

Овој зсклучок е дефиниран без да го имаме Протоколот кој се усогласува помегу министерствста за надворешни рсботи на Македонија и Бугарија,пради што го задржуваме правото да го повлечеме овој заклучок.

Најнови вести