петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дурловски: Политиката нема да ме промени, граѓаните на прво место

Дурловски: Политиката нема да ме промени, граѓаните на прво место

-Јас се трудам, навистина се трудам и така ја водам кампањата, да бидам конструктивен. Дури и сум изненаден, нашиот политички противник имам чувство деке се однесува како да е во опозиција. Тие многу повеќе се агресивни, многу повеќе напаѓаат. Имаат поголема црна кампања, иако тие би требало да ги презентираат сите овие работи кои што ги направиле во последните три ипол години, вели носителот на листа во изборната единица 5 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски во објавеното видео на неговата фејсбук страница.

-Но мојот карактер е таков, јас навистина не сакам да се променам само заради тоа што сум влегол во политиката и ќе останам таков. На говорницата во собранието, ако даде Господ да сум таму, ќе го правам истото, додаде тој.

 

Најнови вести