Двајца повредени е билансот од вечерашниот инцидент кој се случи во центарот на Скопје откако беше каменуван автобусот со навивачите на Работнички.
Повредените со возило на итна медицинска помош се пренесени на градските клиники.
Инцидентот инаку се случил по завршувањето на натпреварот во спортскиот центар „Јане Сандански“, а во близина на хотелот „Хилтон.“
МЗТ Скопје вечерва го победи Работнички со 85-63 (48-36), во мечот од шестата рунда во Суперлигата. МЗТ е прв на табелата во Суперлигата со скор 22-3, пред Работнички со 20-5.