Двајца повредени во сообраќајката кај Ласкарци сè уште во критична состојба. Седуммина од повредените се хоспитализирани во „ГОБ 8-ми септември“.
Четворица се хоспитализирани на Ургентен, од нив тројца се во добра состојба, додека еден пациент е на КАРИЛ во критична состојба.
Од Министерството за здравство за „Алфа“ велат дека се очекува поголем број од полесно повредените, во текот на денов да бидат пуштени на домашно лекување.