вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двајцата македонски државјани кои беа во Мароко за време на земјотресот, се пристигнати во Мадрид

Двајцата македонски државјани кои беа во Мароко за време на земјотресот, се пристигнати во Мадрид

МНР информира дека двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, по катастрофалниот земјотрес во Мароко, пристигнати се во Мадрид и се во добра здравствена состојба. Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време.

-Во изминативе два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш. Нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални други наши државјани во погодените региони.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, информира МНР.

Најнови вести