сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две лица тешко повредени, 4 се здобиле со лесни повреди во сообраќајки во Скопје

Две лица тешко повредени, 4 се здобиле со лесни повреди во сообраќајки во Скопје

Еден сопатник и еден возач на мопед се потешко повредени во две сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на Скопје.

Со лесни повреди се здобиле четири лица во две сообраќајки од вкупно девет незгоди. Материјална штета е предизвикана во пет сообраќајки.

Податоците од билтенот на СВР Скопје покажуваат дека 59 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи возеле под дејство на алкохол и 12 возеле пред да се стекнат со правото да управуваат со возило.

Од сообраќај се исклучени две технички неисправни возила и девет нерегистрирани.

Сообраќајната полиција казнила и 100 возачи за непрописно паркирање, а 65 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.

Кај пешаците, 13 поминале на црвено светло, а 17 не ја поминале улицата на пешачки премин.

Најнови вести