недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Девет лица полесно повредени во 18 сообраќајки во Скопје

Девет лица полесно повредени во 18 сообраќајки во Скопје

Девет лица се полесно повредени во 18 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие. Од сообраќајките десет биле со причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 51 возач за пречекорување на пропишаната брзина, исклучени се 16 возачи од сообраќај, од кои 11 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, тројца биле под дејство на алкохол, а двајца биле возачи почетници. Од сообраќај биле исклучени и 12 нерегистрирани возила.

Изречени се 129 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 54 возила.