четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две седници на собраниската Комисија за здравство

Две седници на собраниската Комисија за здравство

Во Собранието на Република Македонија денеска две последователни седници ќе одржи Комисијата за здравство.

Единствена точка на дневниот ред на првата седница е Предлог-законот за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби, по скратена постапка во второ читање.

На втората седница членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, и за изменување на Законот за здравственото осигурување, и двата по скратена постапка во второ читање.

Најнови вести