Поранешни вработени во фабриката Веибо груп во Крива Паланка денеска со двочасовна блокада на магистралниот пат, практично на влезот во Крива Паланка.
Тие протестираат втора недела по ред. Протестираа и пред погонот на фабриката искажувајќи револт.
Погонот на фабриката не работи од 1 февруари, откако 210 вработени по истекот на договорите останаа без работа, но и без исплатени три плати, придонеси за пензиско и здравствено осигурување и неплатени прекувремени работни часови.
Властите молчат, не реагираат. Владејачката СДСМ која ветуваше подобар живот за работниците, донесе само беда.
Минатата недела на барање на работниците, менаџерката на „Веибо Груп“, Кристина Јакимова, се сретна со Иницијативниот одбор на работници, барајќи да достават правен документ, со кој ќе ги застапуваат сите работници, за да понатаму, склучат спогодбен договор со конкретни рокови за подмирување на побарувањата на работниците.
– Ова не се реализираше, а ние како работници во страв да не влеземе во правен лавиринт и да бидеме изманипулирани, побаравме Јакимова да ни испрати писмена гаранција со која ќе ги утврдат датумите кога би ни го исплатиле она што го должат. Но немаме никава повратна информација, посочи деновиве Лидија Стеванова, поранешна вработена во „Веибо Груп“.
Стеванова додаде дека продолжуваат со штрајкот, со надеж дека некој ќе ги слушне и ќе изнајде решение за проблемот.
Поради неисплатени плати работници од „Веибо“ и минатата недела го блокираа патот Крива Паланка – Куманово.