Во Институтот за судска медицина во тек е идентификацијата на жртвите на синиќешниот пожар во модуларната болница во Тетово.
По долгата трауматична ноќ, неизмерната тага на семејствата на починатите продолжи и пред Институтот за судска медицина. Дел ги чекаа резултатите од обдукцијата, дел беа повикани да дадат ДНК за да се идентификуваат телата кои во страотниот пожар изгореле до степен на непрепознавање. Роднините на 31 годишно момче кое денеска требало да си замине беше на идентификација од страна на неговите роднини, објавува Канал 5.
Дел од оние кои беа пред институтот во пожарот загубиле и по двајца членови син и татко, и ќерка и мајка. 14 тела се во Институтот за судска медицина.
Од судска медицина не сакаа да зборат за причините дали биле изгорени или загушени од тешкиот чад, она што е извесно дека до утре треба да заврши обдукцијата на сите починати.