МВРи министерот Оливер Спасовски постапуваат селективно и законот не го спроведуваат подеднакво кон сите!
Доказ за тоа е настанот со Бадникарскиот оган во Орман и од друга страна струмичкото криминално подземје, блиско до власта на СДСМ во праваи прослава во затворен простор и со многу поголем број на лица од дозволеното, притоа целата прослава со часови пренесувајќи ја во живо на социјалната мрежа на Фејсбук, а од полицијата до сега нема никаква реакција.
Од ваквото однесување на надлежните и МВР може да се заклучи дека во Македонија системот не функционира, а законите не важат подеднакво за сите.
Инаку претходно МВР не реагрираше ниту на групниот собир на функционерите на ДУИ, кои без маски и социјална дистанца во новата зграда на министерството за политички прашања го прославија роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.
-Еве како по ковид правила слави струмичкото подземје на чело со Драган и Лазо Котуровиќи (Лазо Д’лгио), е насловено видеото објавено на Твитер.
-За целата програма појдете на fb профилот Dragan Koturovik каде вчера live се пуштаа видеа со саати
Се прашувам дали Оливер отишол да ја растури журката и да ги уапси?, стои во коментарот под видеото објавено на социјалната мрежа на Твитер.
Еве како по ковид правила слави струмичкото подземје на чело со Драган и Лазо Котуровиќи (Лазо Д'лгио) pic.twitter.com/bgkiB0vvdR
— Дрек Сак🚲 (@Dean06618857) January 6, 2021