понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двојните аршини на судството: За СЈО и политичките предмети против ВМРО-ДПМНЕ важат поинакви правила

Двојните аршини на судството: За СЈО и политичките предмети против ВМРО-ДПМНЕ важат поинакви правила

– Дали се сеќавате кога СЈО се бунеше дека не можеле доказите да ги гледаат во посебна просторија на судот туку морало да им бидат дадени? Како тоа сега доказите ( кои не се докази освен во инструираните судски глави) не може да и бидат дадени на одбраната на Груевски?, напиша новинарот Дарко Јаневски на својот фејсбук профил во однос опструкциите на судот Груевски да не добие доволно време за увид во прислушуваните разговори.

Двојните аршини на правдата се очевидни, ако погледнеме како правосудните органи се однесуваат со СЈО, а како со другите субјекти.

Имено кога Јанева го преземаше предметот Пуч, таа бараше подолг временски простор како би можела да изврши комплетен увид во доказите, што и беше и овозможено. Спротивно од тогаш судот не го овозможува истото за Груевски.

За разлика од предметите на Груевски кои се закажуваат експресно едно по едно, од рочиштето кога Јанева побара увид во доказите за Пуч на 14 јануари, до датумот кога и беше одобрено  да изврши поминаа три недели, по што следеше долг увид во доказите, право кое за разлика од Јанева, го нема Груевски.

Правото по принцип треба да биде еднакво за сите. Сите се еднакви пред правосудните органи независно дали се јавуваат како тужители или тужени, сепак тоа изгледа е принцип само за на хартија, но не и во пракса.

Најнови вести