недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џабе епските расправи за недела неработен ден, уште едно фијаско на владата – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Џабе епските расправи за недела неработен ден, уште едно фијаско на владата – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Уште една од бомбастично најавуваните реформи на Владата на Заев заврши неуспешно, недела како неработен ден се одложува, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Епските битки и расправи за недела како неработен ден завршија со уште едно фијаско на владата. Залудни се расправи од месец дена  со кои владата ја замајуваше јавноста за недела неработен ден кога сега тоа нема да се применува.

Очигледно со ваквите теми владата се обидува да дефокусира од скандалите и неуспесите, а откако ќе купат месец или два, потоа го забораваат кажаното и преминуваат на нова лага. Еднаш тоа е помпезна, а неуспешна социјална реформа, друг пат е неуспешна даночна реформа, трет пат е неуспешна полициска акција, но шемата е таа, да покријат некој свој скандал или своја корупција“ – се наведува во партиската реакција.

Најнови вести