недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џафери со честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Џафери со честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот на Собранието Талата Џафери од свое и од име на пратениците припадници на бошњачката заедница во Македонија им го честита 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците со желба празничниот ден да го поминат во добро здравје и расположение, во семејна благосостојба и напредок на  најмилите.

-Ова е веројатно најтурбулентниот период од последната светска историја и веројатно текот и развојот на настаните ќе остави глобални последици по светскиот мир и демократија, по редот што го знаеме, почитуваме и сакаме. Заканите по здравјето и економијата секако ги почувствувавме, меѓутоа, предизвиците сигурно не завршуваат тука. На повидок е фаза на повторно тестирање на нашата сплотеност, подготвеност и искуство како држава, како институции и како граѓани на Република Северна Македонија во надминување на тешкотиите и изнаоѓање на решенија прифатливи за сите.

Затоа, со целосно разбирање и почит на различностите како јазикот, културата, фолклорот и традицијата на секоја етничка заедница која е неделив дел од јадрото на нашата заедничка држава, да бидеме пример за тоа како се гради мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество, заеднички дом за сите. Само така ќе ја оствариме нашата заеднички цел да имаме сигурна и безбедна иднина за нашите идни поколенија.

Нека е честит 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, стои во честитката на Џафери.

 

Најнови вести