четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ахмети на македонски јазик го честиташе 24 мај – денот на светите браќа Кирил и Методиј (ВИДЕО)

Ахмети на македонски јазик го честиташе 24 мај – денот на светите браќа Кирил и Методиј (ВИДЕО)

Преку видеообраќање на македонски јазик лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го честиташе Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и порача дека во духот на мултикултурализмот имаме заедничка обврска да го негуваме македонскиот јазик.

-Почитувани мои сограѓани, нека е честит денот на словенските просветители Кирил и Методиј! Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик кој претставува израз на посебноста на македонскиот народ и нашите сограѓани Македонци! Во духот на мултиетничкото општество кое заеднички го градиме, да се потсетиме на овој важен ден, дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонскиот јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет. Нека е среќен и честит празникот!, вели Ахмети во видеото.

Најнови вести