петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џафери закажа седница, утре во 11 часот ќе се бираат потпретседатели на Собранието

Џафери закажа седница, утре во 11 часот ќе се бираат потпретседатели на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за утре во 11 часот ја закажа седницата со единствена точка на дневен ред – утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието.

Заев денеска за ТВ21 рече дека предлог-програмата и составот на новата Влада ќе го достави до Собранието откако ќе биде утврден бројот на потпретседатели како и назначувањето на новите пратеници.

-Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во парламентот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за влада и владината програма до парламентот – рече Заев.

Најнови вести