Дури и ако Македонија го промени името само за “надворешни потреби” ќе има промени и во идентитетот, смета македонскиот лобист во САД, Џејсон Мико, пренесува порталот Експрес.
Тој е сигурен дека Грција ќе изврши силен притисок врз Секретаријатот на Обединетите Нации за во документите на Светската организација да се користи евентуалната нова придавка која што ќе биде додадена на името.
Според Мико, Грција од Секретаријатот на ОН ќе бара врз основа на придавката, името на јазикот името на нацијата да бидат изведени од додавката Нова, Горна, Северна или некоја друга која што е на маса и која што ќе биде договорена.
Практично јазикот би бил на пример Новомакедонски додека во графата за нација би стоело Новомакедонци.
Ова е една од причините зошто Грција одбива географската одредница да биде ставена пред уставното име Република Македонија.
Според Мико, за Грција не постои македонски идентитет освен таканаречениот грчки македонски идентитет.