Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови, соопшти Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 203.144 граѓани од дијаспората. Најмногу попишани граѓани од странство има во Швајцарија – 64.806, Германија – 46.161 и Италија – 28.265.
Денеска е последниот, 26-ти ден од Пописот 2021.
Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до денеска.