среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ДЗС презеде 5000 литри Еуродизел од резервите за гаснење на пожарите

ДЗС презеде 5000 литри Еуродизел од резервите за гаснење на пожарите

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека врз основа на Одлуката на Владата, која и дозволи доколку постои потреба за акциите за гаснење на пожарите, без надомест да употреби гориво од резервите на министерствата за одбрана и внатрешни работи, вчера бил реализиран транспорт на 5000 литри Еуродизел.

– Во координација со ДЗС и Рафинерија ОКТА, која излезе во пресрет по скратени процедури и превозникот ОИЛКО, чија дејност е дистрибуција на нафтени деривати, го доставија горивото без надомест како општествено одговорна фирма, објави ДЗС на својот профил на Фејсбук.

Владата на седницата одржана во саботата вечерта донесе Одлука да и дозволи на Дирекцијата за заштита и спасување, доколку постои потреба за акциите за гаснење на пожарите, без надомест да употреби 50.000 литри течно вештачко гориво керозин од ресурсите на министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

Како што соопшти владината прес-служба, Одлуката е донесена врз основа на анализи и процена на природата и интензитетот на кризната состојба, како и потребата од рационално користење на националните ресурси и сили во нивната континуирана ангажираност во справувањето со последиците и потребата од дополнителни летови во наредниот период, имајќи предвид дека министерствата за одбрана и за внатрешни работи располагаат со доволна количества на керозин.

Најнови вести