Состојбата во здравството од ден на ден се влошува. Реалната слика во државата покажува дека како расте бројот на ново заболени граѓани од корона вирус, така се зголемува и бројот на ново инфицирани медицински и здравствени работници ширум државата, а оние кои што останаа едвај издржуваат во борбата против ширење на корона вирусот.
Информации за заразен медицински персонал ги загрижува граѓаните прашувајќи дали ќе има кој да ги лекува во време на пандемијата. Според податоците до сега има заразено нешто над 1600, додека пак 13 здравствени работници за жал ја изгубија битката.
Една од причините за ваквата состојба е немање на соодветна заштитна опрема, но и губење на сила и концентрација на медицинскитот персон кој е на првите борбени редови против ширење на корона вирусот.
Во услови кога здравствениот систем е пред целосен копалс, а Македонија има дефицит од медицински и здравствени работници, власта и министерот за здравство не нудат решение како да се подобри целокупната состојба со корона пандемијата.
Неодговорниот пристап на министерот за здравство Венко Филипче се потврди и со неговите изјави кои кренаа прашина откако најави дека можно е ангажирање на учениците од 4та година од средномедицинските училишта во ковид центрите како помош на медицинскиот кадар.
На ваквите најави на министерот Филипче, реагираше и претседателката на ЗМТАС Гордана Бешлиоска која смета дека идејата не е безбедна во време кога пандемијата зема замав, кога наставата е онлајн, учениците не смеат да се изложуваат на ризици, како и дека треба да има отворени огласи за вработување додвајаќи дека има здравствени установи каде што медицински лица работата за 12.000 денари без решен статус.
-Во ова време на светска пандемија, треба да има отворени огласи за вработување, а не како што е ситуацијата кај нас, со договори на дело. Има институции каде што медицинските сестри работат за 12.000 без решен статус. Што правиме кога ќе се разболат. Ова е горливо прашање што треба да се реши, а не да се ангажираат незавршени ученици. Зошто со последната мерка од владата, наменета за ранливите категории не влезат и медицинските сестри кои се со договори на дело, вели Бешлиовска.
Од друга страна пак, додека медиумите пренесуваат дека капацитетите на болниците се преполовени и секојдневно се борат со недостиг на здравствен персонал, податоците од Агенцијата за вработување покажуваат над 2300 сестри и доктори се на листата невработени заклучно со месец октомври годинава.
Како невработени се евидентирани 249 доктори на медицина, 19 специјалисти по општа медицина и 1 интернист. Од нив дури 225 се водат како невработени помалку од 11 месеци или приближно колку што трае КОВИД кризата. Кај медицинските сестри состојбата е поалармантна, од податоците на Агенцијата за вработување се впишени вкупно 2908 сестри, од нив 939 се со звање медицински техничар, 873 медицинска сестра, 21 сепцијалисти медицински сестри, дипломирани медицински сестри се евидентирани 63, и 4 невработени медицински лица се специјалисти за интензивна нега.
Во услови на здравствена криза која почна во март 1214 сестри се невработени помалку од 11 месеци, а невработеноста кај сестрите трае подолго од докторите.
Додека речиси во сите болници медицинскиот персонал е најголем проблем, а за тоа пренесуваат и медиумите дека во голем број здравствени установи една медицинска сестра се грижи и за 15, до 16 заболени пацитенти, власта и министерот Филипче наместо да вработат стручен медицински персонал, објавуваат огласи за државни службеници, а од друга страна пак најавуваат ангажирање на средношколците по медицина.
Прашањата кои што се почесто се поставуваат е зошто власта и министерот Филипче наместо да се ангажираат за подобрување на состојбата, дополнително преку вакви непромислени одлуки создаваат револт и загриженост кај граѓаните.
Се по очигледно е дека немањето стратегија и слух за решавање на овие горчливи проблеми од страна на министерот Филипче и владата ќе предизивикат дополнително влошување и на веќе така кататстрофална состојба во македонското здравство.