Почитувани граѓани техничка грешка образложување за еврообврзницата постои кривично дело несовесно работење во службата и таму има предвидено санкции, премиере дали самиот ќе се понесете на одговорност пред законот доколку наредната еврообврзница која што ќе се издаде биде макар и со 0,05 % повисока од онаа што беше веќе издадена и можеше да се реализира а со тоа и ќе се сервисираа сите буџетска средства“ , кажа Ефтимов.
Ефтимов нагласи дека не видовме никаков напредок на владата од страна на администрацијата , нема реформи, нема никаква борба со корупцијата.
„Ова е следствено на сето она што се случува и во администрацијата и во сите други органи. Не видовме никаков напредок на владата од страна на администрацијата каде заглавија овие реформи, немате никаква борба со корупцијата. Сте предвиделе во програмата дигитализација деновиве видовме дека од дигитализација не можете и не знаете да ги управувате и одржувате онаа база и оние податоци кои што се веќе воспоставени а не да ги дигитализирате и правосудните органи и целото административно работење“ , истакна Ефтимов.
Ефтимов додаде и дека нема професионализација на институциите и има слаба реализација на буџетските средства во институциите.
„Од правосудството 3 % доверба кај граѓаните, 97 % недоверба, од професионализација на институциите ве демантираат вашите институции, ДКСК кажува 12 % се реализирани обврските согласно стратегијата за борба со корупцијата. Министерот за правда вели согласно стратегијата за реформа во правосудниот систем од 2017 до 2022 година завршена имаме реализација само на 20 % од буџетските средства предвидени за тоа. сето ова е доказ дека немате капацитет да спроведете реформи“ , рече Ефтимов.