петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: И по 48 часа снегот не е исчистен, граѓани во делови од Штип се уште се заробени поради неисчистени улици и тротоари

Ефтимов: И по 48 часа снегот не е исчистен, граѓани во делови од Штип се уште се заробени поради неисчистени улици и тротоари

Почитуван градоначалник, несомнено, не сте информиран за состојбата во јавните претпријатија! Вашиот претходник, од џебот на граѓаните набави сомнителна соларка, која е амортизирана и стара 20 години, но платена во износ од 40.000 евра. Меѓу другото, очигледно не знаете дека потрошени се и дополнителни 750.000 денари за индустриска сол, за која прашање е дали и каде се употреби, изјави денеска за медиумите Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Истите требаше да „се најдат“ во вакви неприлики, но и после 48 часа излезе на површина слабиот менаџерски капацитет на локалната самоуправа и на јавните претпријатија. Некои од граѓаните сѐ уште се заробени поради неисчистени улици и тротоари, а заради ниските температури допрва ќе сведочиме на останати незгоди, посочи тој.

Почитуван градоначалник, Залудно се сликате за социјалните мрежи, сакајќи лажно да прикажете дека работите. Со тоа докажувате дека не сте на ниво на задачата. Граѓаните сами ја увидуваат Вашата неспособност да се справите со снегот. А, дека тоа е така, прошетајте и малку подалеку од централното градско подрачје, проверете каква е состојбата во Шашаварлија, во Пухче, во Лесковица, во Селце, затоа што со статуси и фотографии на социјалните мрежи, не се решаваат вакви сериозни проблеми, додаде Ефтимов.

Најнови вести