петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: Најверојатно Советот на јавни обвинители ќе ја доживее истата судбина и скандал како и Судскиот совет

Ефтимов: Најверојатно Советот на јавни обвинители ќе ја доживее истата судбина и скандал како и Судскиот совет

Принципот на „Прв дојден – Прв услужен“ кој што го применува власта во највисоките правосудни органи не запира и зема се’ поголем замав.  Најверојатно Советот на јавни обвинители ќе ја доживее истата судбина и скандал како и Судскиот совет, оценува Дајанчо Ефтимов, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-По неуспехот и криминалот во СЈО, скандалозниот избор на уставни судии по партиска линија, по скандалот во Судскиот совет и уште многу други вакви негативни примери, на менито на власта за партизација дојде и Советот на јавни обвинители. Имено овде во Собранието, парламентарното мнозинство, очигледно по наредба и притисок од Владата и Бихаќка, спротивно на сите процедури и Деловник за работа на Собранието, во скратена процедура и набрзина сака да избере член на Советот на јавни обвинители без притоа да дозволи широка дебата и по останатите кандидати за членови на овој совет. Очигледно, на власта и гори под нозе и навистина многу и се брза. За нив веќе одамна не се важни ниту транспарентноста, ниту процедурите и Деловникот, туку само партиските агенди и наредби, вели тој.

Посочува дека ова јасно покажува дека во власта владее голема паника, хаос и безидејност.

-Наместо професионализам, стручност и способност, власта преку пратениците од мнозинството по којзнае кој пат одлучија главен и единствен критериум во Советот на јавни обвинители да биде токму спротивното, а тоа е нестручност, непрофесионалност и неспособност. Токму затоа, довербата на граѓаните во правосудството е на ниво на статистичка грешка односно мизерни 3%. Токму затоа, над една половина од јавните обвинители немаат доверба во Советот на јавни обвинители дека Советот работи согласно законските надлежности. Дополнително, за скандалот да биде уште поголем, кандидатот кој што сакаат да го назначат за член на Советот за јавни обвинители е поранешен вработен во СЈО со исплатен огромен милионски хонорар. Целата македонска јавност многу добро памети чија испостава беше СЈО, како и на кој начин работеше таа вештачка креација и на крајот како и каде заврши таа и нејзините вработени и раководни лица, посочува Ефтимов.

„Значи, човек кој претходно работел во институција полна со неуспех, криминал и корупција, сега ќе биде човек кој ќе треба да избира, разрешува или распоредува јавни обвинители.

Едноставно, со ова власта упатува јасна порака до сите дека единствен начин за успех и напредок во кариерата е да бидеш нивен добар и слеп послушник, наместо да работиш чесно, макотрпно и професионално. Тоа е принципот на функционирање на Владата во целиот овој изминат период од 6 години. Затоа државата е дојдена на ова катастрофално ниво на секое поле од нашето секојдневие.

Во Македонија одамна нема владеење на правото и правната држава и единствен виновник за ова е токму власта предводена од ДУИ и СДСМ.

Но, доаѓа времето кога ќе ја вратиме државата на правиот пат и сите ќе бидат еднакви пред законите и ќе одговараат за своите дела“ – заклучува тој.

 

Најнови вести