-Повеќе од 100тина наши сограѓани, вработени во културните институции во градот, веќе втор месец се без плата и платени придонеси. Сега, културните работници не се само без пари, туку и без потребното здравствено осигурување, кое поради неажурноста на власта, мораат да го плаќаат од сопствен џеб, или со позајмени пари! Во оние семејства каде сите се осигурани на име на член од семејството, вработен во културна установа, лековите и здравствените услуги веќе втор месец ги плаќаат на приватно, изјави на денешната прес конференција Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Овие луѓе беа излажани пред избори дека со потпишување на колективниот договор во културата, ќе се зголемат платите во овој сектор. Но, сега веќе е јасно дека ова бил манипулантски маркетниг трик на власта, која во предизборието не бираше лага за да обезбеди што повеќе гласачи, истакна тој.
Ефтимов додаде дека веќе е јасно, односот што власта го има кон културата, е всушност односот кој го има кон сите граѓани – неодговорност и дилетантизам!