сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтимов: Власта нема волја да го реши проблемот со загадениот воздух

Ефтимов: Власта нема волја да го реши проблемот со загадениот воздух

Во утрешното гостување на телевизија Алфа, Дејанчо Ефтимов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за загадениот воздух државата и потсети дека Струмица синоќа бил еден од најзагадените градови.

-Синоќа Струмица беше еден од најзагадените градови. Ова е комплексен проблем и од големо значење за целиот регион. Меѓутоа треба етапно да се решава. Нема политичка волја институциите ова да го решаваат. На големо најавуваната гасификација на Струмица кој што ја промовираше Зоран Заев, бомбастично беше најавувана дека Струмица ќе има мултиплицирани ефекти како економски така и за прочистување на воздухот од гасификацијата на Струмица. Но, од тоа ни од далеку не успеавме да ги видиме придобивките, затоа што гасот кој што се дистрибуира во Струмица е многу скап гас, посочи Ефтимов.

Тој во своето гостување укажа дека власта не ги гасифицирана сите институции на локално и на централно ниво и тоа е еден важен момент доколку сака да се реши проблемот со загадениот воздух.

-Друга ситуација за немање на политичка волја за да реши загадувањето е депонијата „Шапкар“ во Добрашинци. Ова е регионална депонија за која имаше повеќе обиди да се модернизира и да се изгради но не се успеа. Во моментот ја стопанисува јавното комунално претпријатие „Комуналец“ под Струмица. Секојдневно граѓаните кои гравитираат таму и граѓаните од целиот струмички регион се сведоци на темните облаци кои надвиснуваат над регионот, додаде Ефтимов.

Најнови вести