понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтов: Мицкоски го прегази Заев

Ефтов: Мицкоски го прегази Заев

Новинарот Васко Ефтов преку статус на социјалната мрежа Фејсбук истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го прегази премиерот Зоран Заев.

-И вчера вечер на МТВ беше прегазена стратегијата на опозицијата дека во Македонија владее Хунтата на Зоран Заев. Да не се лажеме не може во еден исти ден Хунтата да осудува на затворска казна политички противници и да дебатира во прва телевизиска дебата ( по 19 години ) со лидерот на опозицијата. ВМРО вчера се откажа од својата стратегија да покаже и докаже дека Хунтата на Зоран Заев е многу пототалитарна власт од Режимот на Никола Груевски.  Се плашам дека ако ВМРО сака ( брзо ) да се врати на власт ќе мора да покаже дека Хунтата на Заев е масовен тоталитаризам во споредба со Режимот на Груевски. Ние вчера на МТВ го видовме Заев како слаб и неспособен политичар, но не го видовме како Шеф на Хунта која владее во Македонија. Сума сумарум: Голема лична победа на Мицкоски. И голема стратегиска победа на спонзорите кои го донесоа Заев на власт, напиша Ефтов.

 

Најнови вести