Премиере Заев, Дали знаете дека последните денови Тетово остана без вода? Причина за тоа е дека во локацијата Лешница во Шар Планина во новоизградената станица има големи одрони кои сериозно ја оштетилемрежата. Локацијата на малата хидроелектрична централа е на растојаније од околу 300 метри од самата каптажа, која е една од хидроцентралите кои ја уништуваат животната средина во Шар Планина, се вели во соопштението на Еко Герила.
– Директорот на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска, во месец ноември предупреди дека со изградбата на хидроцентралата во Лешница постои можност за загадување на водите и водоснабдувањето на градот Тетово. И токму денес ние се соочуваме со овие последици. Еколошките организации и ескпертите ве предупредија претхдоно за овие катастрофални последици. За жал, законот за прогласување на Шар Планина за национален парк е направен на таков начин што овозможува изградба на хидроцентрали во заштитени подрачја. Со ова, Владата грубо ги крши Бернската и Архуската Конвенција. Здружението Ековест и Македонското еколошко друштво ви се обрати со барање за раскинување на концесиите за малихидроелектрични централи во Шар Планина и барање за укинување на субвенциите за повластени производители на електрична енергија од мали хидроелектришни централи, образложувајќи ги сите причини и аргументи. Не знаеме дали сте го прочитале и дали сте одговориле на ова писмо. Како што сте веќе запознаени, малите хидроцентрали придонесуваат во националниот енергетски систем со околу 4,6% од вкупното производство на електрична енергија, и се годишно субвенционирани со над 13 милиони евра – средства кои директно се наплаќаат од сметките за електрична енергија на граѓаните. Штетите од овие мали хидроцентрали се познати и кај нас, но и во соседните држави. Дали сте свесни дека Владата со ова субвенционира ЕКОЦИД со уништување на природата и животната средина, прашуваат од еколошкото здружение.
Здружението прашува дали премиерот е запознаен со тоа дека селата Теарце, Доброште се лишени од правото на вода за пиење од почетокот на изградба на малите хидроцентрали и дека тие се принудени да купуваат флаширана вода за пиење.
Што имате превземано за овој скандал?, прашуваат тие.
И за крај – дали знаете дека парламентот на Босна и Херцеговина во септември минатата година донесе закон за забрана на мали хидроцентрали? Дали знаете дека Владата на Црна Гора забрани изградба на мали хидроцентрали? И Албанија исто така. Што се случува со Република Северна Македонија која упорно оди во спротивен правец и грубо ги крши меѓународните конвенции и Уставот. Дали некој ќе преземе одговорност за овој ЕКОЦИД субвенциониран од страна на Владата? Граѓаните сакаат да знаат каква хипотека имате кај Хидро-мафијата? Алчноста за пари не може да биде над здравјето на луѓето и животната средина, додаваат од здружението.