вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Економист: ЕУ не треба да се откаже од проширување кон Западен Балкан

Економист: ЕУ не треба да се откаже од проширување кон Западен Балкан

Британскиот неделен весник Економист денеска објави дека Европска Унија не треба да се откаже од проширување кон Западен Балкан, бидејќи не може да си дозволи да го изгуби регионот.

– Отворено зборувајќи, проширувањето на ЕУ е мртво. Владите ширум Западен Балкан се повредени. ЕУ сака да биде глобална сила, но е во опасност да ја загуби контролата врз сопствениот двор, наведува Економист.

Британскиот неделник наведува дека Западен Балкан е тест за надворешнополитичката способност на ЕУ и оти Унијата треба да почне со заживување на политиката за проширување.

– Кохерентна заедничка политика за Северна Македонија, Албанија и нивните соседи би требало да биде едноставна, во споредба со потешките избори, со кои се соочува ЕУ. Во моментов, политиката на ЕУ кон Кина ја дефинира таа земја како партнер, конкурент и ривал. На крајот, ќе треба да избере. Затоа ЕУ треба да започне со полесни избори. Ако ЕУ сака да биде глобална сила, прво мора да стане локална, истакнува Економист.

Според весникот реалистична перспектива за влез во ЕУ е главната алатка на Брисел во односите со соседите, но „во овој момент, сите страни знаат дека тоа е фантазија“.

– Тоа е проблемот. Ако исчезнат стимулациите за добро однесување (на кандидатот за членство), тогаш нема дестимулација за лошо однесување. Изливите на гнев на Западен Балкан сега се вообичаени, знаејќи дека малку може да се загуби. Тие кои немаат што да изгубат имаат најмалку страв. Во земјите од Западен Балкан се почесто се случуваат проклети глупости, се наведува во текстот на Економист.

Весникот истакнува дека американските дипломати „ги потсетуваат своите европски колеги оти животот би им бил полесен ако Западен Балкан биде цврсто во европскиот шатор, а не надвор од него, каде други држави нудат засолниште“.

– Црна Гора веќе има проблеми со кинески заем од една милијарда долари. Србија стана вешт дипломат, прифаќа вакцини од сите страни и ги дистрибуира до соседите. Францускиот претседател Емануел Макрон ја гледа Босна како извор на исламистичка нестабилност. Накратко, тоа е регион чија загуба ЕУ не може да си ја дозволи, се посочува во текстот.

Најнови вести