среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Панчевски, почнал со издржување на казната во затвор

Екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Панчевски, почнал со издржување на казната во затвор

Од денеска, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски е во затворот Скопје каде почна да ја издржува 2 и пол годишната затворска казна за злоупотреба на службената положба.

Панчевски добил упатен акт за издржување на казната за денешен ден, но прво со жалба се обидел да го одложи извршувањето. Судиите од истиот суд кој го раководеше до пред 5 години ја одбиле жалбата на Панчевски и денеска околу 14 часот тој сам се пријавил на издржување на казната.

Најнови вести