среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕКСКЛУЗИВНО- кои се 12-те точки на Анексот на Бугарија?

ЕКСКЛУЗИВНО- кои се 12-те точки на Анексот на Бугарија?

ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА – 14 Март 2021. Овој текст е козерија/фикција и не ја одразува стварноста, и има за цел на сатиричен начин да ги претстави општествено-политичките моменти во кои се наоѓа Македонија овој период.

Денес е 14 Март 2021 год, а нашата и ваша телевизија, Канал 5 ТВ, ЕКСКЛУЗИВНО ги дозна кои се сите 12 точки кои ги најави Каракачанов, а за кои нашата Влада ќе треба да се произнесе.

ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА – 14. Јануари 2021- Кои се 12 точки на Бугарскиот Анекс?

1.Македонија да го отстапи своето место на Евроспкиот Фудбалски Шампионат на Бугарија. Доколку Уефа не го дозволи тоа, тогаш Македонија да прифати најмалку 8 Бугарски играчи во тимот од кои 6-ца мора постојано да се во екипата. Задолжителна позиција е голманската!

2.Поради фактот дека Бучковски има искуство со тенкови и тенковски делови, Македонија да земе обврска за производство на тенковски делови, исклучиво производство само на отворот на тенковите со капак, при што дијаметарот на отворот да биде зголемен за додатни за 50 цм. Се со цел соодветниот Министер да може да влезе кога ќе посака во секој бугарски тенк, без притоа а има проблеми при влезот.

3.Во новата образовна програма, Македонија да воведе задолжителен предмет од 1во до 9то одделение – „Масовна Хипноза“. Предавачи ќе бидат Бугарски хипнотизери, со цел , на мирен начин да се помириме со нашето минато и истото да го прифатиме без никакви поголеми проблеми.

4.Дополнително во новата модификувана образовна програма од денес воведува, покрај спојувањето на предметите Историја со Географија, спојување и на предметите Македонски јазик кој ќе се спои со предметот Бугарски Јазик, и ќе се добие еден нов предмет – Мајчин јазик

5.Македонија да побара генерална забрана од Фејсбук и Твитер за корисниците на овие сервиси во нашата земја во кои ќе се користат следниве зборови во постовите и коментарите како што се: татари, червени,чорапогашти, двки, фашисти и други термини, кои заедничката комисија дополнително ќе ги дефинира. Со ова Бугарија очекува а Македонија се согласува дека ќе се намали големиот говор на омраза кој доаѓа само од наша страна.

6.Да се вратат старите Македонски средби од двете страни на границата на Македонија и Бугарија кои беа познати под името „свиждање/свиждања“ кои сега може да го сменат името во „свирнување/потсвиркување/засвиркување“ , по избор на Македонската страна

7.Да се изврши замена на локациите на Бугарската Амбасада со Американската Амбасада, на Кале, со што ќе се даде признание на поддршката на Захариева на Американскиот народ од пред некој ден на Твитер

8.Македонија да предложи, на своја иницијатива најмалку 5 македонски и 5 светски имиња да се изврши корекција на нивните корени, кои од сега ќе имаат Бугарски корени. Канал 5 неофицијално дознава дека од нашите 5 великани ,на предлог на Бугарската страна, во игра се повеќе лица и тоа : ЉуБчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Лазар Колишевски, Радмила Шеќеринска, Гоце Делчев, Антонио Милошоски, Цар Душан, Игор Џамбазов и Петре Шилегов, а од странските : Мајкл Џексон, Диего Марадона, Нил Армстронг, Кублај Кан и Гај Јулие Цезар. Овој список на 5те странски великани може да претрпи промени ( Канал 5 дознава дека се појавил некој мал проблем со Мајкл Џексон и Кублај Кан ), но само по барање на Бугарската Историска Група

9.Отсега сите верски православни церемонии, настани и обреди задолжително ќе се изведуваат само на бугарски јазик.

10.Спомен плочите на кои пишува дека одредени партизани во Втората Светска Војна го дале својот живот или биле убиени од Бугарски Фашистички Окупатор се менуваат со една универзална на целата територија на Македонија на која ќе пишува „На ова место, во несреќен случај во Втората Светска Војна загинаа тие и тие помагајќи и на Бугарската Ослободителна Војска до конечна победа и ослободување на Македонија од чизмата на Германскиот Фашистички Окупатор“

11.Македонија ќе дозволи отварање на неколку големи Бугарски компании на своја територија , првата за која веќе дознаваме дека е договорена е познатата фабрика за издувни елементи за леки и тешки возила која ќе се вика – „Аспарух“, како и да се дозволи купување на една Телевизија ( Канал 5 ТВ дознава дека нашата компанија е Телевизијата за која Бугарите се најмногу заинтересирани ) , но и на една Банка.

12. Се одредува само еден датум од историјата кој заеднички ќе се прославува а тоа е: 3 март , Ден на Ослободувањето на Бугарија , кога на Градскиот Стадион ќе се организира слет во Скопје, на кому пак ќе му претходни носење на повторно возобновената Штафета од страна на ученици и младинци низ цела Бугарија и Македонија еден цел месец, а на самиот ден, 3 март,свечено ќе му се предаде на Бугарскиот Амбасадор во Македонија на Северната Трибина.

Канал 5 дознава дека само мал дел од точките не биле првично прифатливи за нашиот преговарач г-динот Бучковски, кој самиот се понудил и тој да биде еден од 5те Македонски великани кои ќе признаат јавно дека има бугарски корени, но сепак оставил период од 7 дена да се консултира со Македонската Влада и да даде конечен одговор на овој анекс.

Од друга страна Бугарија ветува дека веднаш ќе ја извести ЕУ дека сите проблеми со братска Македонија се надминати , при што двете страни потврдуваат дека со овој Анекс на Договорот за Добрсоседство, нема никакво мешање во идентитетските, јазичните или историските прашања, а Македонија ќе мора да го потврди истото со депеша до канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Најнови вести