Голем пожар попладнево избувна во објектот на поранешната фабрика „Треска“.
Пожарникарите истиот го изгасија со експресна интервенција. Како што дознаваме, биле потребни околу 15 минути од примање на повикот до ставање под контрола на пламените јазици.
Екипата на КУРИР која е на терен од почетокот на пожарот јавува дека пожарот за брзо време е локализиран, а потоа и ставен под контрола.
55 пожарникари беа излезени на терен и се изборија со огнот.