Секторот за меѓународна полициска соработка, при Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во Македонија лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници.
-Ѓ.М. е осуден на затворска казна со вкупно времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти. Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи во рамките на оперативната акција „Бегалец“ превзема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и приведување лица, кои се бараат за издржување на затворска казна на територијата на Македонија, истакна од МВР.
Од Министерството информираат дека во периодот од 15 септември до 20 октомври на територијата на Македонија приведени се над 100 лица за издржување на затворска казна до 10 години и истите се спроведени во казнено поправните институции.
Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивните мерки и активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници.