понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Елка Улчар: Законот за јазици е надвор од Уставот

Елка Улчар: Законот за јазици е надвор од Уставот

Елка Јачева Улчар од Инстиутот за македонски јазик, која беше гостинка во дебатната емисија „Отворено“ на 24 Телевизија, укажа дека Законот за јазици го надминува она што е дефинирано со Устав и е во колизија со други закони.

-Во член 4 од Законот за употреба на македонскиот јазик се вели дека не се ограничува правото на употреба на јазикот и писмото на заедниците во единиците на локалната самоуправа. Во законот од 2017 имаме дека во сите органи на државната власт на Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи, комисии, правни лица кои вршат правни овластувања, службен јазик покрај македонскиот е и јазик кој го зборуваат 20 посто од граѓаните, вели Улчар и додава:

„Сега Законот предвидува дека ќе има агенција за спроведување на законот и инспекторат што значи дека, еве јас доаѓам од Институтот за македонски јазик и имаме двајца колеги Албанци и според овој закон тој има право да побара да ја следи наставата на албански јазик, а никој од нас не знае албански, и треба да му се обезбеди комуникација на албански јазик, и сето тоа, го гледаме тоа и во Законот, ќе го прави агенцијата“.

Најнови вести