Детската болница Козле е речиси со исполнет капацитет, најголем дел од хоспитализирани се до четири годишна возраст. Најчестите симптоми со кои децата доаѓаат се кашлица, покачена температура и секрет од нос.
-Приливот на пациенти енормно расте. Над 100 е бројката кои доаѓаат на преглед само на дежурство. Сабота и недела е зголемен бројот. Од понеделник до петок не ги рачунаме. Зголемен е бројот моментално лежат 86 мајки и деца заедно. Едно е само ковид кое денеска го пуштивме, вели педијатарот д-р Драган Дачевски.
Доктор Дачевски вели дека во вечерните часови се активираат ларингити, сува кашлица во народот позната како „кучешко лаење.“
-Доминира сега пневмонија кај децата. Кај оние помалите по година, година ипол бронхолитите има опција и на пронхоспаза и воспаленије на самите дишни патишта, вели Дачевски.
Ова се причините според д-р Дачевски за здравствената состојба кај децата.
-Поголемото дружење на родителите особено кога е вака убаво времето групација има и на деца и на родители. Треба да внимаваат со кого се дружат, да не бидат тоа деца кои поткашлуваат на кои им тече носот, бидејќи родителите тоа некогаш го сфаќаат како нормално. Има промена на температурите штом ќе зајде сонцето е ладно. Наутро за во училште и градинка треба да бидат топло облечени, додава тој.
Д-р Дачевски советува витаминотерапија за овој период на промена на температури и топли напитоци.